Битиќи им порача на млекопреработувачите “да се однесуваат како што треба”
Не се доцни со субвенциите и тие не се клучниот момент во регулирањето на пазарните односи меѓу млекопроизводителите и млекопреработувачите. Неколкупати упативме апел до млекопреработувачите да се однесуваат како што треба. За жал, и во период на криза, некој не сака да се однесува разумно, етички како што би требало, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
– Во Собрание веќе има закон за етичко однесување на пазарот. Овие денови додека бараме кризна состојба во енергетиката, јас повикав, ако пратениците се согласат, да направат закон против профитирање во период на криза. Јас сум еден од оние кои ќе го брани тој закон затоа што мораме да ставиме ред во општеството, изјави Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања.
Млекопроизводителите се жалат дека не им се исплатени субвенциите и дека откупната цена на млекото е околу 20 денари, а продажната цена над 80 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…
Заедништвото е клучната порака која во наследство…
Битиќи твpди: Пocкапувањето на стpyjaта нема да…
Нема да има рестрикции на струја по…