Ковачевски од ОН: Русија да се повлече од Украина!
Се наоѓаме пред голем предизвик, не очекува најтешката зима по втората светска војна, а тоа е да се обезбеди достапност до храна и енергија за нашите граѓани. Ова се заеднички проблеми, затоа заеднички треба да се дејствува, односно решенијата да се заеднички. Ова е дел од обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски во рамките на 77-генерално Собрание на Обединетите нации.
Како што вели тој, ова е предизвикано од руската агресија врз Украина, која ја крши повелбата на Обединетите нации и меѓународното право. Ковачевски вели дека историјата потврдува дека ниту еден проблем не може да се реши по насилен пат, туку на маса, преку дипломатијата и дијалогот. Ковачевски во говорот порача дека нашата земја е вистински пример за Европа во мало, односно на функционалност на мултиетничноста. Ги спомна двата договори, со Грција и Бугарија како примери за решавање на спорови, а Отворен Балкан со Албанија и Србија како пример за добрососедска соработа.
-Водејќи се од политики на мостови, функционална дипломатија, дијалог и разбирање, постигнавме оствартување на стратешка цел, полноправно членство на НАТО и денес сме достоинствена членка на Алијанса и по 17 години од добиениот кандидатски статус ги почнавме преговорите со ЕУ….Граѓаните на Македонија заслужуваат најголем кредит, бидејќи предолго го чекаа овој момент и јас разбирам зошто можеби се чувствуваат фрустрирано и уморно одејќи по тој пат кон Европа. Но ние немаме друга алтернатива кој ќе ни овозможи подобар стантадрд, а и никој не рече дека сето ова ќе биде лесно, порача Ковачевски во дел од своето обраќање во Обединетите нации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…