Поради фудбалскиот натпревар Македонија- Бугарија, вечерва посебен сообраќаен режим
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (26.09.2022) поради реализација на меѓународниот фудбалски натпревар од Лигата на нации помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Бугарија, со почеток од 20.45 часот на Арената „Тодор Проески“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците во близина на стадионот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…