Барди: Благодарам Македонијо! Добро да размислиме пред следниот натпревар!

t

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, ги сподели импресиите од вчерашниот натпревар со Бугарија и кажа дека жали што не се завршило со триумф, а истовремено ѝ се заблагодари и на публиката.

„Со еден играч помалку бевме цел натпревар. Имавме и шанси за израмнување преку Алиоски и Дориев, но не ги искористивме. Од сите овие работи кои ни се случија, секој од нас, почнувајќи од мене, треба добро да размисли за следниот собир, да бидеме посериозни и повеќе одговорни во некои ситуации.

Овој натпревар го чекавме со голема желба, но фудбалот е таков. Од почетокот имавме играч помалку. Сакам да се заблагодарам до навивачите за поддршката, ова многу ни значи. Тие не бодреа 90 минути и веруваа во нас. Сакам да кажам дека мора да бидеме трпеливи и да размислуваме да одиме напред, за да имаме повеќе успеси“, изјави Енис Барди.

Македонија вчера во тензичен натпревар изгуби од Бугарија со еден спрема нула и со тоа заврши трета на табелата во нашата група од Лигата на нациите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…