Објавено на:

Гранатиран Донбас, Херсон целосно затворен во Запорожје повредени: Што ќе се случи после референдумот?!

t

На 216 ден од војната украинските сили ги засилија нападите и постигнуваат успех на неколку линии на фронтот, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Вниманието на Москва, пак, е насочено кон референдумите за приклучување кон Русија во регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје кои денеска треба да завршат, јавува Б92.

Украинската армија рано утринава гранатираше девет населени места во ДНР и истрела вкупно 53 проектили, соопштија властите на ДНР, пренесува ТАСС. Според проруските власти, до шест часот утринава кон Доњецк биле испукани десет проектили од 152 мм и 11 проектили од 155 мм, а биле погодени и неколку населени места во оваа област.

„Украинските војници истрелаа гранати од 155 или 152 мм во Доњецк, Макиивка, Пантелејмоновка, Заицево, Холмовски, Александровка, а исто така истрелаа гранати од 122 мм кон Старомихајливка“, соопшти претставништвото на ДНР во Заедничкиот центар за контрола и координација.

Херсон е целосно затворен

Украинската армија утринава соопшти дека руските сили целосно ги затвориле окупираните делови од регионот Херсон за секаков влез и излез. Украинската влада претходно ги повика жителите на Херсон да се евакуираат поради контраофанзивата на украинската армија во областа.

Во гранатирањето на Запорожје има повредени

За време на ноќното гранатирање на Запорожје има повредени, а избувнал и пожар, соопшти секретарот на градскиот совет Анатолиј Куртев. Претходно шефот на регионалната воена управа, Олександар Старук, објави дека се погодени инфраструктурни објекти во градот, пренесува Интерфакс Украина.

Старух ги повика граѓаните да не ги напуштаат засолништата бидејќи постои можност од повторени напади, наведува Униан.

Денес е крајот

Украинските и руските сили се вклучени во тешки борби во различни делови на Украина, додека референдумите во Народните републики Доњецк и Луганск и регионите Херсон и Запорожје, украински територии кои имаат намера да се приклучат на Русија, завршуваат денеска.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека регионот Доњецк на истокот на земјата сè уште е главен стратешки приоритет на неговата земја, но и на Русија, при што се водат битки за неколку градови додека руските трупи се обидуваат да напредуваат на југ и на запад, јавува Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…

Дачиќ: Вонредна седница на Советот за безбедност…

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица…

Во САД уапсена претседателската кандидатка Џил Стајн

Кандидатот на Партијата на зелените за претседател…

Лукаревска: Вредностите секогаш нѐ обединувале, и кога…

“Прогресивните граѓани знаат дека со СДСМ има…

Системот на дуално образование во Германија сè…

Во потрага по решение за високите нивоа…