Нема играчка: Русија отвора пункт за мобилизација на границата со Грузија

t

На границата меѓу Русија и Грузија, на контролниот пункт Горен Ларс, ќе биде отворен мобилизациски пункт, соопшти Министерството за внатрешни работи на руската република Северна Осетија.

Во соопштението објавено на Телеграм не се прецизира кои се причините за таквата одлука.

„Сериозно се зголемува приливот на патнички возила што се движат кон Грузија. За да се намалат ризиците од незаконско однесување и создавање конфликтни ситуации, донесена е одлука на граѓаните да им се овозможи да ја преминат границата и пешки“, се наведува во соопштението.

Претходно на посоченото место, границата можеше да се помине само со превозно средство.

Од почетокот на делумната мобилизација во Русија, на 21 септември, на граничните премини со соседните земји, каде за Русите не е потребна виза, редиците за излез од земјата се огромни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британски Телеграф: Трамп има порака за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на…

Протести во Берлин: Не сакаме да гинеме…

Учесниците на младинскиот протест во Берлин, кои…

Војната против Иран ја чинеше Америка 48,3…

Американската војна против Иран до 13 ноември…

Градоначалникот на Белград обвинет за нанесување тешки…

Oсновно јавно обвинителство во Белград поднесе до…

Две руски ракети паднаа на територија на…

Додека илјадници европски војници во Полска ги…