Додека Лимани се луксузира работниците четири месеци се без плата и придонеси, реагираат од Левица

t

Додека Лимани се луксузира, работниците во АД Водостопанство – Скопје четири месеци немаат земено плата, реагираат од Левица.

– ДОДЕКА ЛИМАНИ СЕ ЛУКСУЗИРА РАБОТНИЦИТЕ НЕМААТ 4 МЕСЕЦИ ПЛАТА

Додека директорот Локман Лимани од Алтернатива се луксузура во модерни канцеларии, репрезентации и патувања, вработените во АД ВОДОСТОПАНСТВО Скопје немаат земено веќе четврти месец плата.

Во услови на криза и препораки за штедење, директорот ги реновираше просториите за состаноци, а својата канцеларија освен што ја реновираше, ја пресели и на Водно.

Од друга страна, на работниците освен плата, не им се уплатуваат ниту придонеси, па со тоа го губат правото на бесплатно лекување.

Голготата на работниците е доведена до тој степен, што дел од работниците кои имаат потреба од медицински интервенции, го молат директорот да ги одјави, за да се пријават како невработени во Агенцијата и да користат здравствени услуги.

Јавноста е сведок како оваа корумпирана влада вештачки ги уништува јавните претпријатија, преку нивните неспособни кадри, заглавени во криминали. Дали, по примерот од погубната транзиција, СДС спрема приватизација и на водата во Македонија?

Кризата која ја загрози егзистенцијата на мнозинството граѓани не е увезена од надвор – единствен виновник за траорната економска состојба е коалиционото амнестирано мнозинство, предводено од СДС и ДУИ и нивните пајтон партии, пишуваат од Левица.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…