Aлбанските ученици во Македонија ќе учат од ист буквар како врсниците од Косово и Албанија
Министерот за образование Јетон Шаќири соопшти дека македонското министерство даде согласност за употреба на Буквар за ученици од прво одделение на албански наставен јазик во учебната 2022-2023 година.
Министерството за образование и наука даде согласност за користење на материјалот составен од авторите Мимоза Ѓокутај, Саранда Кумнова, Насер Забели и Тереза Бабасули, кој е посветен на првачињата запишани во училиштата каде што наставниот јазик е албански.
Како одговорна институција која навремено одговара на потребите за непречена и квалитетна реализација на воспитно – образовниот процес, Министерството за образование и наука и во иднина ќе ја поддржи секоја иницијатива за употреба на дидактички материјали кои се од интерес на учениците и помагаат во остварување на целите дефинирани со наставните планови и програми, сподели Шаќири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва ја прозва Холандија по нападот врз…
Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…
Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…
„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…
Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…
Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…
Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…
Не е ни приближно бројката која ја…
Во Македонија лани дошле 805 луѓе од…