Aлбанските ученици во Македонија ќе учат од ист буквар како врсниците од Косово и Албанија

t

Министерот за образование Јетон Шаќири соопшти дека македонското министерство даде согласност за употреба на Буквар за ученици од прво одделение на албански наставен јазик во учебната 2022-2023 година.

Министерството за образование и наука даде согласност за користење на материјалот составен од авторите Мимоза Ѓокутај, Саранда Кумнова, Насер Забели и Тереза ​​Бабасули, кој е посветен на првачињата запишани во училиштата каде што наставниот јазик е албански.

Како одговорна институција која навремено одговара на потребите за непречена и квалитетна реализација на воспитно – образовниот процес, Министерството за образование и наука и во иднина ќе ја поддржи секоја иницијатива за употреба на дидактички материјали кои се од интерес на учениците и помагаат во остварување на целите дефинирани со наставните планови и програми, сподели Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва ја прозва Холандија по нападот врз…

Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…

Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…

Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…

Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…

Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…

Не е ни приближно бројката која ја…

Во Македонија лани дошле 805 луѓе од…