Бела куќа: Москва ги фалсификува резултатите од референдумите за потоа да каже дека Украинците сакале да бидат дел од Русија
Од Белата куќа денеска истакнаа дека САД не ги признаваат резултатите од референдумите во југоисточна Украина и истакнуваат дека секој аспект од овие гласања „беше исценииран“ и одржан „под закана на оружје“.
-Руските власти ги фалсификуваа резултатите од овие референдуми за потоа да кажат дека украинскиот народ се изјаснил да биде дел од Русија, изјави портпаролката Карин Жан-Пјер.
-Никогаш нема да ги признаме овие незаконски одржани реферндими чија единствена цел е анаксија на украинска територија и продолжуваме со поддршката за Украина.
Жан-Пјер истакна дека Белата куќа подготвува нов пакет воена помош за Украина во висина од 1.1 милјарда долари во кој се вклучени 18 мобилна артилерски системи (ХИМАРс) „кои Украина ги упоребува мошне успешно“, 100 оклопни возила, радари и противбеспилотни системи.
Таа истакна дека САД и сојузнците се подготвуваат во случај на прогласување на анексија на делови од југоисточна Украина од страна на Москва. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова војна против Иран би можела да…
Поранешниот ирански министер за надворешни работи и…
Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите…
Новите сајбер-напади врз фрижидери во супермаркети во…
Дарко Костовски му одговори на Зијадин Села:…
Зијадин Села напишал Бутел бил следен. Да,…
Славески најави шалтер во Алта банка за…
Лимитот од 10 000 денари за повлекување…
Иран предлага забрзан договор: Ормускиот Теснец би…
Иран продолжува да разменува пораки со Соединетите…