Јакимовски за референдумската иницијатива на Левица: Доста замајувате народ во договор со Таче – Да потпишеме дека ако имаме 61 пратеник ќе го поништиме Договорот!

t

Лидерот на ГОРМ, Стевчо Јакимовски смета дека референдумската иницијатива на Левица ќе биде отфрлена и уште еднаш повика опозициските партии да потпишат договор дека доколку добијат 61 пратеник ќе го укинат Догоровот.

– Па го гледав сега Апасиев, вика да не речат дека сме антиевропски, сега и он цвика, по се изгледа го чукнале по глава.

Сега да замајуваат со референдумот, не е веќе он за кубански социјализам и сега што испадна? Сите цвикаат.

Ем избегаа од гласање во Собрание, ем сега ќе ни правеле референдум.

Дојди бе ваму кај бате Стевче да потпишеме договор дека ако народот ни даде 61 пратеник ќе го поништиме договорот. Што само си правите у договор со Таче трикчиња да замајувате народ да не се бави со проблемите, со немаштијата него ќе се занимаваме со референдум.

Просто е, излезете кажете дека со 61 пратеник ќе го поништиме договорот, вели Јакимовски.

Јакимовски нагласи дека и оваа иницијатива ќе биде отфрлена и дека доколку сакале да се држи процесот актуелен не требаше пратениците да излезат од Собранието туку да останат и да гласаат против францускиот предлог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…

Левица бараше една изборна единица и укинување…

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…