Левица во Брисел: Претставници на партијата на средба со европратеници

t

Претставници на “Левица” остварија средба со европратеници од европската левица, соопштуваат од партијата.

– Денеска, делегација на Левица, составена од портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ и координаторот на Левица – дијаспора, Живанка Морис беа гости на состанокот на левичарската парламентарна група при Европскиот парламент (The Left).

На состанокот, покрај обраќањето на Мециновиќ, кој ја потенцираше потребата за сродни левичарски партии како партнери во борбата против рехабилитацијата на фашизмот и одбраната на правото на самоопределување на македонскиот народ, се разговараше и за потребата од нов енергетски модел на континентот.

Целта на ваков модел би бил враќање на контролата над производството и дистрибуција на енергенсите во доменот на јавната сопственост – како би се заштитиле најранливите класи.

По завршувањето на состанокот, остварена е средба со претседавачот на парламентарната група и европарламентарец од DIE LINKE, Мартин Ширдеван, како и европарламентарката Мартина Мишелс од германската политичка партија.

На средбата се разговараше за неправедните услови кои се наметнуваат преку “францускиот предлог”, како и опасностите за стабилноста на регионот, која се содржи во наметнувањето на негаторски политики и возобновувањето на фашистички дејци и идеи.

Во текот на посетата на Брисел, делегацијата на Левица ќе оствари дополнителни средби со партии од Европската левица, напишаа од Лвица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Апасиев: Ќе го избркаме секој пратеник…

Нема да се случи пратеник на Левица…

(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…

На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…

(Видео) Апасиев: Предлагаме граѓански устав со НАЦИОНАЛНА…

Нека си направи и Бугарија Рамковен договор,…

Апасиев: Го враќаме името Република Македонија!

Мојата генерација ќе го врати уставното име…

(Видео) Апасиев: Ај направете војна да ве…

- Албанската полиитчка елита во Македонија е…