Објавено на:

Ќе почне ли тогаш “вистинската” војна? Луганск за една недела би требало да стане дел од Русија

t

Луганската Народна Република треба да стане дел од Руската Федерација во рок од една недела, изјави во интервју за РИА Новости, Родион Мирошник, амбасадор на ЛНР во Москва.

Претходно, претседателот на ЛНР, Леонид Пашечник, објави дека потпишал предлог упатен до претседателот на Русија, Владимир Путин, за прием на републиката во Руската Федерација како нов ентитет.

Според Мирошник, релевантниот договор е речиси готов.

„Мислам дека тоа треба да се случи во рок од една недела. За другите параметри на интеграцијата ќе се разговара во рамките на законите и одлуките што се носат“, рече Мирошник.

Тој појасни дека сега во оваа постапка потребно е да се почитуваат сите параметри што ги бара правниот систем на Руската Федерација.

„Главната работа веќе се случи, референдумот беше одржан. Понатаму, треба јасно да ги запазиме сите параметри што ги бара правниот систем на Руската Федерација и да направиме сè совршено. Значи, да речеме, локомотивата веќе започна, а Тешко е да се запре… На самиот гол сме и сигурно ќе ја поминеме“, додаде тој.

Инаку денеска руската Државна Дума ќе заседава и ќе разгледа измени на законот за влез на нови ентитети во Руската Федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…