Кај и да е ќе ги “избркаат”: Унгарија не го поддржува новиот пакет санкции на ЕУ против Русија
Унгарија не може да го поддржи планираниот осми пакет санкции на Европската унија против Русија доколку тој вклучува енергетски санкции, изјави денеска шефот на Кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
“Унгарија веќе направи многу за да го одржи европското единство, но доколку во пакетот бидат вклучени енергетски санкции, тоа не можеме и нема да го поддржиме”, рече Ѓергели Гуљаш на брифинг со новинарите.
„Го чекаме конечниот и целосен список санкции и потоа можеме да преговараме за тоа. Унгарија не може да поддржи енергетски санкции”, изјави тој.
Европската комисија вчера предложи нови санкции против Русија, вклучително и построги трговски санкции, проширување на листата санкционирани лица и ограничување на цената на руската нафта за трети земји.
Сепак, за воведување санкции во ЕУ потребна е едногласност на државите-членки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Сијарто повика на меѓународна акција против прогонот…
Меѓународната заедница мора да преземе акција против…
Илир Мета сакал да бега во Унгарија,…
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на…
Двегодишно дете убиено кај хрватската граница со…
Безживотно тело на двегодишно дете е пронајдено…