Ковачевски: Сите да се обединиме околу стремежот за евроинтеграција на земјава

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, укажа дека е во тек скрининг процесот, по почетокот на преговорите со ЕУ и на денешната седница во Собранието за пратенички прашања, повика на обединување околу европерспективите на државата.

„Нашата земја е соочена со големи предизвици и се наоѓа во пресудни моменти во кои што се одредува нашата иднина.

Македонија има потреба од единство, сплотеност, заедништво, лидерство.

Тоа го очекуваат нашите граѓани. Тоа ѝ треба на нашата држава и ние сме спремни тоа да го направиме.

Како државотворни и одговорни лидери и предводници на сите основачки одлуки за независна, еднаква и евроатланска земја во последните три децении, сметам дека е дојдено време да ги повикам сите општествени чинители, граѓаните, медиумите, невладините организации, академската заедница и политичките партии, посебно парламентарните, да се исправат пред предизвикот на пресудните моменти за заокружување на нашата државност преку полноправно зачленување во Европската Унија.

Дојдено е време за заедништво, време е за храброст и за лидерство и ние сме подготвени да подадеме рака, надминувајќи се себеси и теснопартиските интереси.

Затоа, првенствено ги повикувам коалиционите партнери со кои што ги донесовме тешките и пресудни одлуки за независност, еднаквост и североатлантска држава како и опозицијата, да се обединиме околу стремежот за евроинтеграција.

Јас сум убеден и подготвен. И сите ние треба да сме убедени и подготвени”, порача Ковачевски во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…