4 години од неуспешниот референдум за промена на името: “Предавниците гласаа, партиотите бојкотираа, кукавиците немаа став”

t

На 30 септември 2018 година беше одржан референдумот за промена на името на Република Македонија.

По завршувањето на пребројувањето ДИК соопшти дека на референдумот, од 1.806.336 граѓани запишани во Избирачкиот список, гласале 666.743 граѓани или 36,91 проценти од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список. Бројот на неупотребени гласачки ливчиња изнесуваше 1.139.593.

На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 91,46 проценти или 609.813 граѓани, а „против“ се изјасниле 5,65 проценти или 37.700 граѓани. Неважечки гласачки ливчиња се 19.221 или 2,89 проценти.

„Одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список“, појасни тогашниот претседател на ДИК, Оливер Дерковски.

Граѓани на социјалните мрежи споделуваат мислења за референдумот кој се уште претставува болка за Македонците.

“На денешен ден 2018та се оддржа референдумот за промена на име.

Предавниците гласаа за промена.

Патриотите и македонците бојкотираа.

Кукавиците немаа став.

Да не се заборави” напиша Кристиан Јандриоски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија е можно да има референдум…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…

Нема веќе нов договор: Мицкоски нема ни…

„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја…

Апсиев: Oва враќање на иницијативата од Џафери…

Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не…

(Видео) “Дали сте за продолжување на преговорите…

Политичката партија Левица вчера до Собранието ја…

4 години од неуспешниот референдум за промена…

На 30 септември 2018 година беше одржан…