Тасевски му пиша на Путин: Владе ваква геополитичка партија шах нема одиграно ниту еден државник пред тебе во последниве 70 години

t

Друже Владе, ние Македонците од срце ти честитаме за надградената руска територија.

Ваква геополитичка партија шах нема одиграно ниту еден државник пред тебе во последниве 70 години.

Им ги избегна сите санкции на западните ретарди и нивни потрчковци. Им ги минираше санкциите бе.

Пола ЕУ од тебе купува гас во рубљи и тоа кришум од големото братче.

Индија С. Арабија, Кина, Бразил, купуваат од тебе во рубљи.

Чоек а бе го измести од шарки целиот западен пешкиризиран свет. Не знаат што со тебе.

Па ти правеа вуду дека си умрен, болен од рак, од деменција, од хемороиди, дека твојата војска бега, дека Русите те мразат….

А ти, им ја врати славата, силата и гордоста на Русите.

Ја извади Русија од калта во која ја закопаа цијашите во 1992 кога ви спиеја во Кремљ и ви се потсмеваа зад грб.
Сега си повторно лидер на светска сила, којашто и економски станува голема закана за САД. Да да, економски.
Башка муабетот дека од денес цијашите знаат колку си решен да употребиш тактичка нуклеарка доколку НАТО ја нападне надградената Русија.

Сега е ситуацијата ол ин, која добро ќе ја одиграш, зашто ти е планирана, иако не сакаше до неа да дојде.
Пази само со тие нуклеарките ко ќе почнеш. Не мора првите две наваму, кон нас. Гаѓај нешто друго, погоре.
Оти ние Македонците тебе си те сакаме…. Малку од инает додуша, дека оние другите, фините ни го онадија мамичето на нас Македонците.

И затоа ќе уживаме во нивната пропаст. Па макар и ние пропаднале со нив

Кармата не е кучка.
Кармата си ти Владе.

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија очекува нови руски хибридни напади

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…

Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…

Паралелно со геополитичката криза се развива уште…

Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…

Иран се подготвува за поширок и посилен…

Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…

Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…

Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…

Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…