Објавено на:

Нов инцидент во Косово: Албанец застрела Србин пред дискотека

t

Пред дискотеката на влезот во Грачаница синоќа имало пукање во кое е ранет мажот Љ. М.( роден 1967) со српско потекло од Липљан, а како што дознава Косово онлајн, бил застрелан од Албанец.
Како што изјавил командирот на полициската станица во Грачаница, Братислав Трајковиќ, „по осомничениот се уште се трага“.

„Повредениот е хоспитализиран во болницата Симонида и неговиот живот не е во опасност“, изјави Трајковиќ за Косово онлајн.

Ранетиот Србин се здобил со прострелна рана на десната надколеница каде што минал куршумот и моментално е во стабилна состојба.

За потсетување, неодамна во Бабин Мост, Албанец со нож рани двајца Срби, а косовското обвинителство тој случај го оквалификува како „нанесување тешки телесни повреди“ наместо обид за убиство.

„Како застапник на оштетениот Саша и Немања Митровиќ од Бабин Мост, до Обвинителството доставив полномошно за нивно застапување во кривичната постапка против лицата кои дента ги нападнаа, а од разговорот со обвинителот. Слушнав дека кривичното дело е оквалификувано како „нанесување тешка телесна повреда“, не се согласувам со тоа и сметам дека се работи за кривично дело „тешко убиство во обид од етнички причини“, изјави тогаш адвокатот Дејан Васиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…