Официјално: ЛДП го предлага Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа!
Како што “Инфомакс” во неколку наврати најавуваше, Либерално демократската партија по одржаниот Централен одбор на партијата официјално го предлага Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, на местоот на досегашниот министер Горан Милевски.
Партијата ЛДП сопшти дека Централниот одбор на синоќешната седница го прифатил предлогот на Извршниот одбор за започнување со подготовки за одржување на редовното Собрание на партијата.
Била разгледана и оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, а бил прифатен предлогот Ристо Пенов да биде избран и именуван за иден министер на оваа позиција во Владата.
– Централниот одбор се заблагодари на досегашниот негов ангажман, на успешното менаџирање со министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата – велат од ЛДП.
Како што додаваат од партијата согласно Статутот на ЛДП се формира организационен одбор во чиј состав се изгласани Боби Мојсоски, Димитар Ванчов, Билјана Аврамоска – Ѓореска, Дејанчо Цветановски, Валентин Груевски и Ивица Тодоровски.
До Конгресот ќе се одржат уште две седници на ЦО со цел подготовка на истиот, а на следниот состанок на ЦО кој се очекува да се одржи следната недела ќе бидат разгледани и предлог датуми за одржување на Конгресот, информираат од ЛДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП бара воведување на сеопфатно сексуално образование…
Форумот на жени на ЛДП со апел…
ЛДП: Даку треба да се извини за…
Во спортот и во фудбалот секогаш е…
Зајкова: ЛДП во парламентот ќе дејствува независно
Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, изјави дека…
ЦО на ЛДП ќе ги разгледува настапот…
Либерално-демократската партија ја известува јавноста дека вечерва…
ЛДП: Салиу некогаш не бил обвинет за…
Ваквото недостоинствено апсење на новинарот Фуркан Салиу…