Бренд концепти: Levi Strauss – бренд со стил

t

Бренд концепти(4.)

Levi Strauss: бренд со стил

Се сеќавате ли на тинејџерската икона Џејмс Дин и неговиот филм “Бунтовник без причина“?

Го паметите ли неодоливиот Марлон Брандо идолот на младите од педесеттите години од 20-от век во филмот “Неприлагодени“?

Знаете ли што  е заедничко за овие актери во нивните филмови?

Да ве потсетам: и двајцата носеа џинс облека во својот филм и, и двајцата станаа идоли на  нивната генерација и на генерациите по неа. Идоли кои со тек на времето прераснаа во легенди и митови. Секој посебно и на свој начин е заслужен за заљубеноста на младите во џинсот и џинс-стилот на облекување од тоа време. Заљубеноста во џинсот продолжува и во шеесеттите  години од 20-от век кога студентите почнаа да го носат “петсто-кецот“ како начин на самоискажување. Веќе во 1969 година за време на музичкиот фестивал во Вудсток џинсот стана задолжителен дел од гардеробата на бејби-бум генерацијата која созреваше. На почетокот стануваше збор само за пар панталони, но потоа работата прерасна во приказна за слобода, авантура и независност на  движењето на младите генерации. Тогаш фармерките “Левис 501“ станаа симбол, а името на  брендот “Левис“ стана синоним за џинс.

Инаку приказната за џинсот како облека и бренд започнува во 1853 година кога е основана компанијата Levi’s во САД  од страна на Levi Strauss емигрант од Баварија. Кога имав десет години прв пат ги видов фармерките Levi’s. Во 1967 година ги добив на подарок од мојата тетка од  Париз. Исто така добив маица Levi’s и можам да кажам дека уште тогаш со овој бренд склучив доживотен договор за носење фармерки, јакни и маици. Ги носам и денес кога веќе ја поминав 60-тата година. Во тоа се состои и моќта на брендот Levi’s. Го посакуваат и го носат деца,  тинејџери, студенти, возрасни, мажи и жени, обични работници, службеници, бизнисмени и политичари. Едноставно сите! Производите на компанијата Levi’s се продаваат како три различни брендови. Тие се:  Levi’s®, Dockers® и Levi Strauss Signure®. Оваа компанија е една од  најголемите на пазарот за облека и има разгранета дистрибутивна мрежа во над 150 земји.

Во 1873 година компанијата го патентираше процесот на апликација на нитни на фармерките, па  така е роден новиот џинс, Levi’s® jeans. Денес брендот Levi’s е еден од најраспространетите и  најпосакувани брендови од младата генерација. Но не заостануваат и возрасните: голем е бројот на возрасни сериозни луѓе кои носат комплет џинс облека-фармерки, маица и јакни. Levi’s џинсот е автентична и оригинална џинс облека, кој држи еден светски рекорд: тој е најкопиран и  најфалсификуван бренд во историјата на облекувањето. Инаку оригиналниот Levi’s го насочува своето внимание на имагинација и доверба на поединци од различни генерации. Гледајќи го младешкиот изглед на денешните генерации и нивното лично изразување Levi’s продолжува да  нуди широк асортиман на облека: од фамозниот Levi’s 501 до модерниот моден израз преку популарните Levi’s Engineered jeans ™. Најпознати Levi’s производи се blue jeans (фармерки), јакни, маици, шорцеви како и колани, торбички, шалови и капи. Levi’s Jeans! Бренд што вашиот живот го прави лесен. Му дава смисла на слобода и авантура што ја посакувате. Едноставно 5-0-1. Вечно млад бренд.

Young ferover. Доживување во сина-сина рапсодија.

За секоја компанија е од посебно значење дефинирањето на целите, одбирањето на вредностите и имањето на визија. Levi’s ова многу добро го знае. Целите на овој бренд се темели на неговиот успех. Тие всушност го дефинираат брендот. Претставуваат појдовна основа за визијата на  иднината, деловната стратегија и намера, акциите, активностите и однесувањето на брендот. Инаку својата визија Levi’s секогаш гордо ја истакнува: “Луѓето ја сакаат нашата облека и  веруваат во нашата компанија. Ние го облекуваме светот“.

Levi’s има четири основни цели кои неуморно ги остварува: разбирање, оригиналност, честитост и храброст. Тие се есенцијата, срцето и душата на брендот. Доколку погледнеме низ историјата на овој бренд ќе забележиме дека тој секогаш се стремел кон овие цели, а тие секогаш го воделе кон успех. Овие цели ја изразуваат одржливоста на Levi’s.

За Levi’s разбирањето започнува со слушање… Тоа е желба Levi’s внимателно да го разгледа светот околу себе. Во раните години на основање на брендот тоа подразбираше производство на издржлива облека за работниците во рудниците на американскиот запад. Денес тоа значи одговор на различните потреби на потрошувачите низ светот. Разбирањето на потребите и желбите на  потрошувачите е основата на комерцијалниот успех на Levi’s. Популарноста на брендот се темели на неговата единственост и оригиналност. Овој бренд ги придвижува културните граници. Levi’s е симбол за независност, идеалот за демократија, социјални промени и забава. Истовремено овој бренд колку е работнички дух, толку е и моден тренд. Во исто време е обичен, кога го носат работниците, но и екстравагантен, кога го носат врвните светски ѕвезди од музиката, филмот, модата, уметноста и културата. Заеднички овие карактеристики и вредности го прават овој бренд поинаков од другите.

Levi’s е бренд лидер и си обезбеди свое место во историјата. Денес овој бренд е автентична американска икона призната во целиот свет. Вкоренета во цврстината на американскиот запад брендот е претстава за слобода и индивидуалност. Иновацијата е негово обележје. Започна со џинс платното но нејзиниот дух се вкорени во сите аспекти во работењето на Levi’s: производство, маркетинг, начин на работа и корпоративна култура.

Етичкиот кодекс и социјалната одговорност брендот ги сваќа како предуслови за успешно изодување на патот кон успех. Levi’s  секогаш го прави тоа што го ветил. Потрошувачите затоа и му веруваат. Кон своите  клиенти овој бренд секогаш е искрен и вистинољубив. Својот интегритет го сваќа така што секогаш е спремен да ја направи вистинската работа за своите вработени и за  компанијата и општеството во целина. Ова важи и во услови кога личните, професионалните и  општествените ризици или економските притисоци не одат во корист на Levi’s. Довербата од  потрошувачите е најголемата вредност вградена во Levi’s. Луѓето што го носат Levi’s се чувствуваат опуштено. Тие имаат доверба во овој бренд. Создавајќи ја оваа доверба брендот создаде интегритет кој длабоко е вткаен во темелите на целата компанија. Долго време Levi’s  мисли дека Qualitu Never Goes Out of Style® . Токму на тој начин оваа компанија ги прави своите брендови.

(продолжува)

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…