Облак: Македонските говори се основа на старословенскиот јазик: Разликата меѓу старомакедонскиот и старобугасрскиот е осетна
За старомакедонскиот јазик од околината на Солун пишувал словенечко-австрискиот лингвист Ватрослав Облак, на чие дело “Македонски студии” потсетува Стево Симски во објава на Фејсбук.
– „Македонски студии“ (Macedonische Studien: die slavischen Dialecte des südlichen und nordwestlichen Macedoniens) е книга на словенечко австрискиот лингвистот Ватрослав Облак (1864-1896). Истражувањето „Македонски студии“ е издадено во 1896 година, а се темели на исцрпни теренски истражувања во околината на Солун, Егејска Македонија.
„Македонските говори, од селата Сухо, Висока и Зарова, од околината на Солун, Егејска Македонија, се во основа на старословенскиот јазик. Од 9 до 11 век Словените доследно се држиат до основите на старословенскиот јазик на Кирил и Методиј. Во 12 век почнуваат редакциите, варијанти, на црковнословенскиот јазик кај повеќе словенски народи.“
Францускиот лингвист Андре Вајан (1890-1977) во книгата „Manuel du vieux slave“, ги употребува термините старомакедонски и старобугарски за да ја означи разликата во јазикот на најстарата словенска писменост во Македонија и во Бугарија.
„Разликите меѓу старомакедонскиот и старобугарскиот се осетни. Разликите се јавуваат во граматиката, а особено во речникот. Разликата меѓу старомакедонскиот и старобугарскиот е видлива кога имаме исти текст напишан на двата јазика. Пример е Евангелието на Сава во Клоцовиот зборник.“ (с.с. Историски записи), стои во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…