Почнува ли “светската” војна? Лукашенко ја обвинува Украина за провокации на границата – Се распоредуваат војници!
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја обвини соседна Украина дека испратила 15.000 војници во граничната област за да изгради одбрана и да изврши извидување, што тој ги нарече провокативни акции.
Во февруари, Лукашенко му дозволи на својот близок сојузник Русија да ја искористи белоруската територија за да ја почне воената операција во Украина, порача дека Белорусија не е страна во конфликтот и дека нејзините сили не се вклучени во борбите.
Во изјавата што ја пренесе државната агенција БелТА, Лукашенко вели дека украинските војници кои дошле на границата ги блокирале патиштата и поставувале контролни пунктови и пукачки позиции.
Со еден збор, не само што беа подигнати барикади, туку беше изграден и ѕид. Постојано се врши оптичко, радиоелектронско и радиотехничко извидување на нашата територија, армија и објекти. Тие често ја нарушуваат државната граница со своите дронови. И притоа глумат загриженост со зборовите „Не дозволувајте Белорусија да влезе во војна“. А на границата постојано прават провокации – изјави Лукашенко.
Тој порече дека неговата земја е вклучена во конфликтот само за да го спречи неговото ширење во Белорусија и „да спречи напад врз Белорусија од Полска, Литванија и Летонија“
Како што им кажав на Русите, никој нема да им пука в грб од територијата на Белорусија – нагласи Лукашенко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Киев ги зазеде областите од каде…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва…
Русија евакуира цивили по навлегувањето на украинските…
Русија денеска евакуираше цивили од делови на…
Украинските војници заробија нов руски тенк во…
Украинските војници успешно заробија најсовремен руски тенк…
(Видео) Украински командант: Освоивме 1.000 квадратни километри…
Главниот воен командант на Украина рече дека…
Украинскиот напад во Курск предизвика пад на…
Нападот на украинската армија на руска територија…