Конечно: Во август ќе се отвори првата делница од автопатот Кичево-Охрид, најави Бочварски
Во понеделник ќе биде пуштен во употреба автопатот во делот од Требеништа до Охрид, најави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.
„Ако одиме сега таму, ќе се види дека се работи на целата таа траса, тие административни проблеми кои ги имавме веќе ги решивме и следниот понеделник ќе биде пуштен во употреба делот од Требеништа до Охрид“, рече Рустеми, според Алсат.
Отворањето на делницата доцни скоро два месеца, откако министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пролетва најави дека таа ќе биде пуштена во употреба во август. Рустеми вели дека се доцни бидејќи нвременските прилики не оделе во прилог на работите на терен.
Автопатот се гради околу осум години, а делницата меѓу Требеништа и Охрид е долга 8,5 километри, па испаѓа дека властите од две влади од 2014 година досега успеале да градат по еден километар од овој автопат годишно. Изградбата на проблематичниот пат од Кичево до Охрид требаше да чини 374 милиони евра, а досега потрошената сума, според последните изјави на надлежните, надминала 600 милиони евра.
Министерот за транспорт и врски Бочварски пред два дена даде ново ветување – дека целиот автопат ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коце Трајановски изврши увид долж трасата од…
-Денес заедно со главниот надзор ГИМ,изведувачот Синохидро,…
Повреден Индиец додека растоварал песок на автопатот…
Во полициската канцеларија во кичевското село Извор,…
ЦУК: Минирање на автопатот Кичево-Охрид, можност за…
ЦУК информира и за минирања во два…
Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…
Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…
Автомобил излета од патот Охрид-Кичево, тешко повредена…
Малолетничка е тешко повредена откако вчера автомобил…