(Видео) Јакимовски: Најавувам нови проекти за следната година

t

Следува период со многу инвестиции, проекти и реконструкци, најави градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Откако во Општината е извршена консолидација на буџетот, тој рече дека за наредната година се испланирани нови прокети.

-Ќе го зголемиме бројот и количината на средствата за реконструкција на лифтови, за реконструкција на кровови. Нарачани 20 проекти дел од нив се стигнати, за реконструкција на улици, и тоа, Козле 12, Козле 14, Козле 16, Козле 20,сето ова се улици во Нерези. Ќе пробиваме дел од ул.Влае, кај Тутунскиот комбинат. Атмосферска канализација и реконструкција на паркинзи на ул.Јуриј Гагарин позади Канцона,како и реконструкција на таа улица. Изградба на улица Скупи 3, Скупи 20. Козле 3, тоа е во Нерези, и водоводна мрежа и ќе се стави нов асфалт,како и крак од ул.Теодосиј Синаитски, во Жданец, покрај изградба на водовод и асфалтирање, и правење на потпорен ѕид во тој дел. Проект за реконструкција на ул.Загребска, која водикон Детската болница Козле, како и изградба на потпорен ѕид. Ул.Козле 10, таа веќе ја градиме, ул.Козле 9. Крак од ул.Бањалучка во Тафталиџе 2,како и крак, односно паркинг на ул.Његошева во Тафталиџе – наброи градоначалникот во видео обраќањето на неговата официјална Фејсбук страница.

Додаде дека се подготвуваат и повеќе проекти за изградба на новопроектирани улици во населбата Бардовци.

-Изработени се проекти за реконструкција на фасади – 9 фасади, и тоа сите на ул.Теодосиј Гологанов и на ул.Јуриј Гагарин, сакаме комплетно да завршиме со ул.Теодосиј Гологанов, како и на ул.Борка Талевски бр.16, во населбата Владо Тасевски, и потоа се префрламе на ул.Партизанска,сакаме за овој мандат сите згради на ул.Партизанска, да бидат реконструирани. Нормално, и во делот на населбите ќе работиме – рече Јакимовски.

Тој истакна дека во следните 2 месеци ќе остварува средби со граѓаните по месните заедници. Јакимовски рече дека на тој начин, заеднички ќе ја подобруваат програмата за следната година.

-Се она што можеме да направиме, ќе се договориме заедно со граѓаните – заклучи Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…

УКИМ нема да остане без струја, МОН…

ЕВН Македонија и Министерството за образование и…

Селмани: Опозицијата сè уште се консолидира –…

Македонија има потреба од силна, организирана и…

Макрон бара повторно да се разгледа членството…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на…

Деспотовски: Венко е супер доктор, но апсолутно…

Поранешниот директор на ТИРЗ и член на…