„Исфрлете го Халанд од Премиер лигата, тој е – робот!”
Навивачи на повеќе премиерлигашки клубови почнаа петиција со која бараат напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, да биде исфрлен од англиската елита бидејќи бил – робот.
Ова, секако, е небулозно тврдење на противниците на „граѓаните“, со оглед што Норвежанецот досега се покажа како гол-машина со оглед што досега постигна 19 голови на 12 меча во сите натпреварувања. Но и покрај тоа, петицијата досега е потпишана од дури 400.000 фудбалски фанови, а се очекува наскоро да ја мине и милионската граница.
Според тајмингот на објавувањето на петицијата, се шпекулира дека таа е дело на навивачи на Манчестер Јунајтед, чии фудбалери беа прегазени во неодамнешното градски дерби со Сити (3-6), во кое Халанд постигна три голови.
извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…