Општина Центар реагира: Планот е законски, да не се манипулира со граѓаните
Општина Центар реагира на објавата на граѓанската иницијатива и советничка група во Советот на општината, “Шанса за Центар”, која на социјалните мрежи објави дека Општина Центар има издадено одобрение за втора зграда спроти хотелот „Холидеј Ин“ и истото важи за „незаконски план“, вест која беше преземена од неколку медиуми.
– За тоа дали одредена постапка е законска или не, надлежен е единствено судот и судските органи. Ниеден суд, ниту истражен орган се нема произнесено дека некој од ДУП-овите е незаконски или дека на било кој начин не смеат да се спроведуваат. Оттаму, законска обврска на општината е да ги спроведува и постапките предвидени со законите за градба.
Ваквите неточни и тенденциозни информации пласирани во јавноста имаат за цел очигледно да наштетат на угледот на општината. Апелираме „Шанса за Центар“ да се воздржат од ваквите постапки и да не ги дезинформираат граѓаните. Општина Центар работи целосно согласно законите како за сите постапки како во урбанизмот, така и во останатите области, велат од Општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во…
Седумдесет и деветгодишна жена останала без чанта…
Претепано дете во скопски Центар, претходно два…
„Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје,…
Скопјанец пронајден починат во домот во Центар
Вчера попладне, 66-годишен жител на Скопје бил…
За првпат по 50 години Центар доби…
Денеска, Општина Центар свечено ја отвори новата…
Пронајден починат 39-годишен скопјанец во подрачјето на…
На 10.04.2025 во 22.00 часот во СВР…