Маричиќ му врати на Џамбаски: Помалку емоции, повеќе факти

t

Две вистини треба да се прифатат во Македонија и Бугарија, а тоа е дека Втората светска војна е завршена пред повеќе од 70 години, а второ дека Студената војна заврши пред повеќе од 30 години, му порачал вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој е познат по провокациите кон Македонија и Македонците.

Маричиќ додал дека добрососедските односи и продлабочувањето на регионалната соработка се високо на агендата на Владата на Македонија, бидејќи тоа е од заеднички интерес и Македонија и на Бугарија.

-Остануваме посветени на добра волја да ги спроведуваме билатералните договори и дополнително да ги зајакнуваме добрососедските односи, со што помалку емоции, а што повеќе факти и заеднички активности. Важно е напорите да се од двете страни на границата. Само така ќе имаме стабилно пријателство. Сè друго ќе биде разбрано како уцена, како притисок, и тоа може да раѓа фрустрација и такви изливи какви што видовме на стадионот во Скопје, посочил Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…

Европската Унија работи на паралелни реформи во…

Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ од Црна Гора: Време е за…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…

Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…