Мојсоска им одржа предавање на Ковачевски и Пендаровски: Бугарската фашистичка влада за своите заслуги доби делови од Македонија и Србија!

t

Јована Мојсоска од Левица на Фејсбук им одржа “предавање” на премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски во пресрет на утрешното отварање на бугарскиот клуб во Охрид кој го носи името на царот Борис Трети.

– Пред утрешното скандалозно отворање на фашистички клуб во Охрид, како и срамниот и дегутантен МОЛК на Stevo Pendarovski и Dimitar Kovacevski , едно историско четиво за улогата на Цар Борис (напишано од Генералот Апостолски).

,,Бугарската ненародна фашистичка наклонета царска влада, во декември 1940 година, дозволи влегување на германски офицери во Бугарија, кои на самото место ги извршија непосредните подготовки за напад на Грција.

На 1 март 1941 година и формално Бугарија пристапува кон Тројниот пакт и се согласи германски војски преку Романија да навлезат во Бугарија. Бугарија, исто така, спротивно на волјата на народот, стана германска воена база за напад на Грција, но едновремено база и за планираните операции спрема Советскиот сојуз, а по настаните од 27 март 1941 година стана база за напад и на Југославија.

Бугарија, за заслугите што ги направи во нападот на Југославија и Грција, од југословенските територии доби поголем дел од Македонија, потоа дел од Србија (Поморавје, по текот на Нишава и Тимок), како и еден дел од Косово. Од Грција доби територии од Егејскиот дел на Македонија и Беломорието (дел од Тракија).

Заедно со германските војски, што напаѓаа и навлегуваа на југ, во Македонија пристигнаа и великобугарски фашистички елементи, чија задача беше да ја подготват бугарската окупација на Македонија.”

#НеЗаБугарскиотХитлер, напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…