Бренд концепти: Левис: Џинс-феномен цели два века
Бренд концепти(4.1)
Левис: Џинс-феномен цели два века
Не постои човек кој нема дел од гардероба од тексас. Џинсот е основа врз која водечките дизајнери ги прават своите најубави џинс креации. Сите ние вљубеници во џинсот постојано сме во прегратка со тие мастерпис дела од џинс. Џинс фармерките се наши “партнери“ во слабеење, здебелување, кога сме насмеани и кога сме тажни. Наш верен пријател. Тие ги носат нашите лузни на “скршено срце“. Нашите животни приказни се зашиваат во нив низ нивните шавови. А нитните го ставаат печатот на нашиот џинс-стил. Левис е наша придружба и во калта и во ѕвездите. И во рудниците и на модните писти. Тоа го може само Левис.
Потребна е храброст за да се биде голем. Levi’s ја има таа храброст и секогаш е спремен да им се спротивстави – тоа постојано и го прави – на правилата и конвенционалното однесување. Храброста на Levi’s вклучува вистина и одлучност во спроведувањето на она во што верува овој бренд. Голем број на генерации го носеа и се уште го носат Levi’s како симбол на слобода, самопотврдување, предизвик и социјални промени.
Како успева Levi’s сето ова да го постигне?
Менаџментот на Levi’s многу рано сфатил и прифатил дека луѓето се важен извор на новата конкурентска предност. Тоа е филозофијата на работење на Levi’s. Многу одамна во оваа компанија се работи на освестување на вработените и нивно директно вклучување во работата, одлучувањето и одговорноста. Тие се оспособени за самостојна работа (enpowering). Напред наведените визија, мисија, вредности и филозофија во работењето, за Levi’s не се само формални изјави. Во компанијата се работи на постојано зголемување на знаењето и одржување на високо ниво на задоволството на сите. За таа цел е развиен и прифатен сеопфатен програм за управување со човечки ресурси што го спроведуваат стотина HR менаџери и стручњаци и специјалисти вработени во седиштето на корпорацијата во Сан Франциско. Тие ги координираат активностите на други 400-500 нивни колеги распоредени низ целиот свет каде што Levi’s има вработени. Раководителите успешно им објаснуваат на сите вработени која е нивната улога и кои се нивните задачи на годишно ниво, како и нивната поврзаност со визијата, мисијата, стратегијата и политиката на компанијата. Во Levi Strauss компанијата работните услови секогаш се хуманизирани и максимално прилагодени на поединецот. Се развива семејна атмосфера со неформални дружења за време на паузите и надвор од работното време. Секогаш се води грижа за децата на вработените за кои се плаќаат школарините и на кои им се честитаат родендените. Оваа компанија никогаш не ги заборава своите пензионери и секогаш им помага кога тие имаат проблеми. Меѓусебната доверба помеѓу вработените и компанијата е на највисоко ниво. Сите се надеваат на голема заедничка корист од тоа. Најчесто и ја добиваат.
Левис е универзален, но сепак целосно идентифициран со американскиот стил на живеење. Колку класичен, толку и бунтовен. Ја паметиме Мерлин Монро од глава до петици во Левис на снимањето на филмот Misfits,1961г. Чиста класика. Ама, се сеќаваме и на младиот, не така познат Бред Пит во реклама на Левис, 1991г. Бунтовност со стил и имиџ. Левис и no limits! Од работници и каубои, преку рокери и бајкери, до Вудсток, Ем-ти-ви, Мадона и Принс. За сите Левис е многу повеќе од фармерки и јакна со црвена етикета. Тоа е симбол, култура и субкултура, емоција на голем број генерации. Расневме, созреавме и остаревме со Левис.
Создаден за работници, ама го сакаат и дизајнери, манекенки/манекени, актери и уметници.
Толку едноставно парче облека, а толку моќна приказна.
Legendary Blue Jeans- легенда што се уште трае!
Тајни на успехот:
Квалитет на материјалот Џинс (Деним). Овој материјал е многу издржлив и високо квалитетен. Компанијата Levi’s го набавувала од Ним, Франција. На почетокот неговото име било Серж, а потоа е наречен Деним, а кога тој Деним бил обоен во индиго сина боја, конечно е добиена сината боја на денес толку препознатлив џинс. За разлика класичните панталони, истиот не побарува дополнителни операции освен чистење (на пр. Пеглање). Едноставен е за употреба.
Безвременски стил. Без опасност да се погреши слободно може да се каже дека, Џинс стилот што го даде компанијата Levi’s на фармерки, маици, кошули, палта, е најпосакуваниот стил што сакаат да го имаат млади и стари, сиромашни и богати, возачи и директори, машки и женски, дебели и слаби. Едноставно џинсот го носат сите. И сите имаат чувство дека им прилега. Што значи имаат стил.
Антиконформизам и бунтовен дух. Џинсот претставува едноставен крик на младоста, бунтовништво, борба против конформноста и “ѕ8униформраноста“ во општественото битисување. Имало периоди кога во средните училишта бил забрануван, но тоа само ја зголемила желбата кај младата популација да го носат и поседуваат џинсот и да се чувствуваат независни и слободни.
Факти за брендот:
Факт бр.1: Меѓу првите кои носеа фармерки беа работниците од сите бранши. Традиционалното име за панталони беше “трегерки“ се до шеесетите, кога помодерниот термин фармерки прв пат е употребен.
Факт бр.2: Со тек на времето популарноста на Levi’s фармерките достигнаа такви размери, што Владата на САД ги прогласи за основно добро, ограничувајќи ја нивната продажба само на работниците во одбраната на земјата. Од тој момент побарувачката и цената на овие фармерки драстично се зголемија.
Факт бр.3: Фармерките Levi’s станаа вистински хит преку популарноста на холивудските филмови и ѕвездите Џон Вејн и Гари Купер кои ги носеа во филмовите во кои глумеа, но сепак тие добија неодолива аура на романтика и култура преку имиџот на Марлон Брандон и Џејмс Дин во нивните култни филмови „Дивјак“, „На доковите на Њујорк“, „Бунтовник без причина“, „Источно од рајот“ и „Џин“. Овие харизматични „бунтовници без причина“ допринесоа фармерките да станат еден вид униформа на бејби бум генерацијата во САД и во светот.
Факт бр. 4: Денес легендарните фармерки Levi’s, ги нарекуваме 501.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…
Колумната е кратка приказна за селските и…