(Видео) “Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ…”: Левица ја поднесе референдумската иницијатива – Не очекуваат опструкции од Џафери

t

Политичката партија Левица вчера до Собранието ја поднесе граѓанската иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?“. Партијата собрала 750 потписи кои вчера со останатите материјали ги предаде во собраниската архива.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција во Собранието изрази верување дека ќе имаат координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање, но и како што нагласи очекува сериозно да бидат сфатени како опозиција. Тој, меѓудругото најави и целосна блокада на Собранието доколку спикерот Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива.

Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието – порача Апасиев, додавајќи оти се надеваме во добра волја да помине оваа референдумска иницијатива.

Апасиев, образложувајќи ја иницијативата рече дека таа се однесува на промена на заклучоците каде се спорни две точки.

Тоа се точка 1 и точка 3Г, каде што се вметнати „францускиот“ предлог и преговарачката рамка. Тоа практично би значело дека од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка без бугарските хегемонистички барања кои се инкорпорирани внатре. Тоа значи дека референдумот не е анти ЕУ, туку бојкотот на референдумот или недавањето да се случи референдум е чин на анти ЕУ. Демократското изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ – изјави Апасиев минатата недела кога ја ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК.

СДСМ се уште е на став дека опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават сè за да се попречи патот на државата кон Европската Унија. Оттаму не сакаат да ја коментираат иницијативата додека не ја разгледаат.

Пратеникот од редовите на СДСМ Ненад Коциќ вчера во собранискиот прес-центар рече дека владејачкото мнозинство гласаше за заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура во процесот на преговори со ЕУ.

Иницијативата прво треба да ја видиме, сè уште не е стасана до нас. Тоа што го знам е дека во ова Собрание мнозинството, и ние како СДСМ, гласаше за заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура во процесот на преговори со ЕУ. Станува јасно дека сè што прават Мицкоски и Апасиев е да се препречи нашиот пат кон ЕУ. Друга желба и интенција нема. Инаку секое изјаснување, нормално е демократско – изјави Коциќ.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, смета дека прашањето на Левица за референдумот е збунувачко и нејасно за граѓаните.

Прашањето кое Левица сака да го употреби во референдумското изјаснување е збунувачко и нејасно за граѓаните. Истото го повторувам периодов кога станува збор за референдум и кога ваква слична иницијатива поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. Против сум вакви прашања кои сега Левица ги пласира во кои содржат збунувачка содржина – изјави Пендаровски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…

Во попладневните часови поради дефект на далекувод…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…