Блумберг: Западните удари по Русија ќе го потресат цел свет!
Можните санкции за руската рударска индустрија од Лондонската берза за метали (LME) ќе бидат шок за целата светска индустрија, пишува колумнистот на Блумберг, Џек Фарчи.
Како што забележува написот, одлуките на LME имаат далекусежни импликации за цените на металите и тргувањето низ целата планета.
Русија сочинува околу девет отсто од сите резерви на никел, пет отсто од алуминиум и четири отсто од бакар. Кога Блумберг минатата недела првпат објави за плановите на Лондонската берза да воведе санкции врз руската индустрија, цените на алуминиумот скокнаа за 8,5 отсто во еден миг.
Според авторот, доколку се преземат рестриктивни мерки, тие ќе станат главоболка за компаниите како што е швајцарската Glencore Plc., која има голем повеќегодишен договор со Русал.
Фарчи рече дека забраната за снабдување ќе ги исклучи клучните производители од глобалниот пазар. Одлуката се уште не е донесена, но во четвртокот почна расправата за ова прашање.
По почетокот на руската специјална операција за ослободување на Донбас, западните земји воведоа бројни санкции против Москва. Раскинувањето на деловните врски со Русија се покажа како главоболка за САД, Велика Британија и ЕУ – тоа предизвика пораст на трошоците за живот, висока инфлација и криза со гориво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…