Папата ги укори државите: Одвратно, грешно и скандалозно е да се отфрлаат мигрантите
Папата Франциско денеска нагласи дека одбивањето на мигрантите е скандалозно, одвратно и грешно.
-Отфрлањето на мигрантите е скандалозно. Навистина, тоа е злосторство и поради тоа тие умираат пред нашите очи – рече папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
Папата рече дека Средоземното Море е најголема гробница во светот, мислејќи на илјадниците мигранти кои се удавија обидувајќи се да стигнат до Европа.
-Отфрлањето на мигрантите е одвратно, тоа е грев. Злосторство е да не се отвори вратата за оние на кои им е потребна помош.
Тој наведе дека некои мигранти, кои биле вратени од границата, „биле експлоатирани и третирани како робови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицајци на Богородица пронајдоа 10 мигранти од…
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека…
Kриумчари им наплатувале 470 евра на мигранти…
Мрежа од профили на Инстаграм ги убедувала…
Белорусија шверцува мигранти низ тунели до Латвија?
Латвиските власти открија тунел преку кој мигранти…
Шпанскиот премиер свика итен состанок поради бранот…
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ќе претседава…
Шпански медиуми: Властите идентификувале осомничени џихадисти меѓу…
Шпанските безбедносни служби наводно идентификувале неколку лица…