Објавено на:

Руски функционери бараат одмазда за мостот во Крим

t

Британското Министерство за одбрана објавило нов разузнавачки извештај кој ја разработува состојбата после експлозијата на мостот што ги поврзува Крим и Русија.

Во извештајот се наведува дека експлозијата би можела да има големо влијание врз способноста на Русија да ги одржи своите сили на југот на Украина.

Британските аналитичари предвидуваат дека експлозијата може да ги насочи и идните одлуки на Претседателот Путин кој не може да остане индиферентен и заради фактот што нападот се случил само неколку часа по неговиот 70-ти роденден.

Во извештајот се напоменува дека тој лично го спонзорирал и отворил кримскиот мост, а работите ги изведувал негов близок пријател од детството.

Според британското министерство, железничкиот дел од мостот одиграл клучна улога при распоредувањето на тешкото оружје на јужниот фронт во Украина.

Официјални лица во Москва и во окупираните делови на Украина повикаа на освета за експлозијата која вчера тешко го оштети мостот кој ги поврзува Крим и Русија.

„Против нас се води отворена терористичка војна“ рекол пратеникот на руската владеачка партија Олег Морзов за новинската агенција РИА Новости.

Франс Прес го цитира Кирил Стремусов, официјално лице од Херсон кој кажал „Сите го чекаат одмаздничкиот удар и веројатно ќе дојде до него“.

„Терористичка Украина мора да биде уништена“ рекол Владимир Рогов, проруски лидер во окупираниот дел на Запорожје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…

Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…

Фон дер Лајен најави помош од речиси…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Малолетник се здобил со тешки повреди откако…

Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…

Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот

Центарот за управување со кризи информира дека…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…