СДСМ: Со новите антикризни мерки никој нема да биде оставен сам

t

Нови антиктизни мерки од над 350 милиони евра, никој нема да биде оставен сам во кризата. СДСМ во време на една од најтешките економски и енергетски кризи во светот усвои нов пакет антикризни мерки вреден 350 милиони евра, соопштија утрово од владеачката партија.

Од таму додаваат дека пакетот предвидува 3.000 денари месечно во наредните 4 месеци за 42.000 граѓани од ранливните категории.

-Помош од 3.000 денари месечно и за невработените лица корисници на паричен надоместок (стечајните работници) и за самохраните родители приматели на гарантирана минимална помош.

Помош од 6.000 денари ќе добијат 92.000 пензионери со пензии до 11.525 денари, а 3.000 денари над 66.000 пензионери кои земаат пензија од 11.526 до 14.000 денари.

Во време на енергетска криза останува на сила мерката за субвенционирање на сметките за струја до 80% за 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи. Со новите мерки поддршка за снабдување со струја ​ поддршка добиваат сите 365 основни и 109 средни училишта, потенцираат од СДСМ, истакнувајќи дека никој нема да биде оставен сам во кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават сѐ за…

Лидерот на партијата, Али Ахмети вели дека…

Макрадули: Во СДСМ во моментов владее клиентелизам,…

Јани Макрадули, поранешен висок функционер во СДСМ…

Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ…

Левица може да ја замени СДСМ во…

Битиќи ги демантира сите шпекулации: Останувам во…

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на…

Петровска: Мојот личен рејтинг е во втор…

Министерката за одбрана, која е и претседавач…