Се огласи Путин: Одговорот ќе биде жесток – украинските служби организирале три терористички напади на нуклеарна централа во Русија, се обиделе да го уништат и турски тек

t

„Киев долго време користи терористички методи“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин ги информирал членовите на рускиот Совет за безбедност за истрагата за експлозијата на мостот на Крим. Тоа е терористички напад чија цел е да се уништи цивилната инфраструктура, рече тој.

СБУ веќе изврши 3 терористички напади врз нуклеарната централа Курск истакна Путин, а Украина се обиде да го уништи и „Турскиот тек“.

Киев се стави на исто ниво со најзлогласните терористички груп додаде тој, потенцирајќи дека едноставно е невозможно да се остават неодговорени злосторствата на режимот во Киев.

Одговорот ќе биде жесток напомена тој, посочувајќи дека утрово е извршен масивен удар со високопрецизно оружје врз украинската инфраструктура – енергетска инфраструктура, воена команда и комуникации.

„Доколку обидите за извршување терористички напади на наша територија продолжат, одговорите на Русија ќе бидат тешки и подеднакви, никој не треба да се сомнева во ова“ – Путин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…