Се сретнале во Бигорски: Претседателот на клубот „Цар Борис Трети“ на Мицкоски му подарил книга
На прашањето како го коментира отворањето на бугарскиот клуб во Охрид, Мицкоски посочи дека тоа е една голема провокација која доаѓа како резултат на „поданичките и предавнички политики на владата на СДСМ“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција, рече дека не го познава претседателот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“, Томе Блажевски. Коментирајќи ја фотографијата што кружи на социјалните мрежи, а на која Мицкоски е во друштво на Блажевски, првиот човек на најголемата опозициска партија рече:
„Точно знам кога е направена таа фотографија. Бевме во Бигорски манастир да запалиме свеќи и тие беа таму како групација. Ми дадоа една книга, која нормално им ја вратив. Тоа е единствената моја средба со тоа момче“. рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дугин воодушевен од изгледот на новиот претседател…
Рускиот филозоф и идеолог Александар Дугин се…
Паднал семафорот кај Гостивар, по патот има…
Силниот ветер вечерва предизвикува проблеми и материјална…
МВР со важен апел до родителите: Препознајте…
Министерството за внатрешни работи упатува апел до…
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…
ММФ: Вештачката интелигенција го поттикнува светскиот економски…
Вештачката интелигенција во 2026 година за првпат…