Првпат по 20 години Финска им препорача на нејзините жители да си набават јод!

t

За прв пат по 20 години, финското Министерство за социјална заштита и здравје ги ажурираше препораките за употреба на јод во случај на опасност од радијација, препорачувајќи ги сите жители на возраст од 3 до 40 години да го купат лекот.


„Упатствата ги советуваат домаќинствата со членови на возраст од 3 до 40 години да купат таблети со јод за нивниот дом. Обично е доволна една доза. Јодот ретко предизвикува несакани ефекти“, се вели во препораката.
Ажурираното упатство се заснова на ревидирани упатства за јод објавени од Светската здравствена организација (СЗО) во 2017 година.

Министерството појаснува дека несреќа во нуклеарна централа може да доведе до ослободување на радиоактивен јод во животната средина, кој може да се акумулира во тироидната жлезда.
„Најштетен е за децата, кои се изложени на поголем ризик од развој на рак на тироидната жлезда поради високи дози на зрачење. Возрасните не се под ист ризик, а упатствата повеќе не препорачуваат луѓето над 40 години да земаат таблети јод во случај на опасност од зрачење. “, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Финска воведе ограничувања во воздушниот и морскиот…

Финска привремено го ограничи воздушниот и морскиот…

„Што правиме со Македонија, Србија, Црна Гора…“:…

Европската Унија да размислува на големо и…

Финскиот претседател: Подготвен сум да бидам преговарач…

Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека нема…

Украина сaка да ѝ ги продава своите…

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека ѝ понудил…

Македонка која работи во Универзитет во Хелсинки…

Македонка која живее и работи во Универзитет…