Ковачевски: Не смее и нема да се пропушти историската шанса за влез во ЕУ

t

Да се биде на вистинската страна, значи да се избере патот на мирот и напредокот. Денес, повторно, нашата денешна битка е токму таква – да продолжиме по патот на мирот и прогресот, без да дозволиме кој било, што било и било кога да ни го попречи овој пат, порача премиерот Димитар Ковачевски на централната манифестација во Куманово по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, ден на антифашистичката борба.

Ковачевски напомена дека членството во Европската унија нам ни е потребно, за да се осигура развојот на државата, според европските демократски принципи и стандарди.

-Но, и на Европската унија ние сме ѝ потребни, како стабилизирачки фактор во регионот на Западен Балкан. Оваа историска шанса не смее и нема да се пропушти, порача премиерот.

– Овој избор е пред генерациите на денешнината и на ова прогресивно политичко раководство на државата. Владата и јас како премиер сме подготвени да предводиме на патот кон целосно зачленување во ЕУ, со целосна цврста и трајна заштита на националните и државните интереси, подвлече Ковачевски.

Членството во Европската унија нам ни е потребно, за да го осигураме развојот на државата, според европските демократски принципи и стандарди. Но, и на Европската унија ние сме ѝ потребни, како стабилизирачки фактор во регионот на Западен Балкан. Оваа историска шанса не смее и нема да се пропушти, порача премиерот Димитар Ковачевски на одбележувањето на Денот на народното востание во Куманово.

Најважно и неопходно, според Ковачевски, е да се продолжи со забрзани чекори кон евроинтеграцијата бидејќи, како што посочи, полноправното членство во ЕУ е да се биде на вистинската страна.

– Овој избор е пред генерациите на денешнината и на ова прогресивно политичко раководство на државата. Владата и јас како премиер сме подготвени да предводиме на патот кон целосно зачленување во ЕУ, со целосна цврста и трајна заштита на националните и државните интереси, нагласи Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…