МВР испрати 80 товарни возила на техички преглед
Во текот на вчерашниот ден (10.10.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.
При контролата 80 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 57 товарни моторни возила и тоа: седум за техничка неисправност на уредот за запирање, шест за претовар, шест за неправилно сместен и небезбеден товар, а 14 возачи управувале без возачка дозвола. При контролата санкционирани се и 104 останати прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…