Како мина денешниот ден од војната во Украина – ова се деталите

t

Накратко:

▪️ Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во вторникот руските вооружени сили продолжиле со масовни напади со високопрецизно оружје врз воената команда и енергетските објекти во Украина, целта на нападот е постигната, погодени се сите назначени објекти.

▪️ Украинските медиуми од вторникот наутро известуваат за нови експлозии во регионите Киев, Виница, Ровно, Дњепропетровск, Одеса, Миколаев и Лавов, како и во Криви Рих, Ивано-Франковск и Запорожје.

▪️ За време на обидот за напад во правец на ЛНР, Киев загубил околу 120 војници, соопшти руското Министерство за одбрана. Исто така, одбиени се сите контранапади во правец на Запорожје, загинаа повеќе од 30 војници и уништен е 1 тенк.

▪️ Уништени се две бази за складирање гориво за украинската воена опрема во близина на Дњепропетровск и Павлоград во регионот Дњепропетровск, како и 5 складишта за оружје, соопшти Министерството.

▪️ Министерот за одбрана Сергеј Шојгу, на воените полигони на Западниот воен округ, изврши увид во обуката на војниците повикани пред неколку дена за време на делумната мобилизација

▪️ Претседателот на Русија Владимир Путин во Санкт Петербург се сретна со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија

▪️ Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров го коментираше прашањето за можни преговори за ситуацијата во Украина со посредство на Турција со зборовите: Ердоган и Путин ќе се сретнат неделава во Астана – ова е можност за разговор

▪️ Зеленски предложи меѓународни набљудувачи да бидат стационирани на украинската граница со Белорусија за да ја следат безбедносната ситуација. Тој изјави и дека Украина не планирала и не планира воени акции против Белорусија.

▪️ Кримскиот претседател Сергеј Аксјонов објави дека од 11 до 23 октомври е воведено високо „жолто“ ниво на терористичка закана на територијата на Керч и областа Ленински на Крим.

▪️ Белата куќа објави дека првите системи за воздушна одбрана НАСАМС ќе пристигнат во Украина „во блиска иднина“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…