Бајден: Путин погрешно ја процени неговата војна против Украина

t

Американскиот претседател Џо Бајден смета дека рускиот претседател Владимир Путин погрешно ја проценил неговата војна против Украина.

-Мислам дека [Путин] е рационален играч кој погрешно пресметал, изјави Бајден во интервјуто дадено за телевизијата „Си-Ен-Ен“.

Тој смета дека иако верува дека Путин постапува рационално, неговите цели во Украина „не биле рационални.”

-Ако го преслушате говорот што тој го одржа откако беше донесена таа одлука [да ја нападне Украина], тој зборуваше за целата идеја – тој да биде рускиот лидер кој ќе ги обедини сите што зборуваат руски. Сметам дека тоа е нерационално, изјави Бајден.

„Сметам дека неговите цели не беа рационални…Мислам дека сметаше оти ќе биде пречекан со раширени раце, дека Киев е срцето на Мајка Русија, дека деќе биде пречекан со добредојде, односно мислам дека целосно погреши во проценките“, рече американскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција утре на…

Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР,…

Велисипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Вчера околу 14.45 часот во СВР Охрид…

Следува невреме: Ни доаѓа пороен дожд и…

Утре во попладневните часови ќе има изолирана…

Побегнаа од мобилизација, сега Русите се враќаат…

Русите кои избегаа во странство за да…

Минималните плати во ЕУ – највисоки во…

Загарантираната минимална плата од оваа година во…