Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка сместена во прифатен центар
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци добиле кривични пријави за полово вознемирување и кражба од мигранти кои се сместени во прифатниот центар за странци.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Д. за тешка кражба и против Б.М. за полово вознемирување. Првопријавената, која работела како полицаец во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север, на 28 септември, за време на посета центарот, од мајката на привремено задржано женско лице, одзела еден златен и еден сребрен прстен и 3.000 денари кои ги пронашла при преглед во чантата на привремено задржаното лице.
Второпријавениот, кој бил раководител на смена во Прифатниот центар на 30 септември, при извршување на работните задачи влегол во собата каде што била сместена привремено задржаната, со вербално и физичко дејствување, како и преку користење електронски средства за комуникација, изразувал сексуална страст и вршел други дејствија кои јасно потсетуваат на сексуален однос со што го повредил достоинството на оштетената, предизвикувајќи ѝ чувство на непријатност, навреденост, понижување и страв, а која во моментот била во состојба на подреденост.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Б.Д. и Б.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…