(Видео) Продолжува хаосот на Факултетот за бизнис и економија: Студентите губат од наставата и бараат итно решавање на овој проблем

t

Академската година не започна за студентите на приватниот Факултет за бизнис и економија. Причина за тоа се отказите кои ги добиле професорите од в.д. директорката Жанина Кировска. Студентите се револтирани затоа што нема кој да им држи часови, испити и нема пред кого да ги бранат дипломските трудови.

Утрово пред јавноста за проблемите со кои се соочува овој факултет говореше Марија Михајловска, студент на Факултетот за бизнис и економија. Михајловска посочи дека владее тотален хаос и дека се уште не им е јасно кога ќе започне новата учебна година. Исто така Михајловска потенцираше и дека процедурата е долга, па така и кога ќе се најдат (ако се најдат) нови професори, има рок од најмалку седум дена за кои професорите ќе мора да почекаат за да почнат со работа.

И додека трае хаосот на Факултетот за бизнис и економија најмногу трпат студентите кои поради ваквите состојби на факултетот можат да ја загубат и целата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

World Population Review: Македонија на прво место…

Според листата пренесена во мај годинава, 39,5…

Брент ја проби границата од 107 долари:…

Цените на нафтата значително пораснаа втор ден…

Бугарија ќе ги добие посмртните останки на…

Бугарија и Грција постигнаа договор за враќање…

Снајперски пушки и знамиња со ИСИС –…

Шест лица се уапсени во Скопје и…

Фон дер Лајен в петок доаѓа во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…