Апасиев: Му летнало пилето на Таче – “Партизаните се бореле за ЕУ и НАТО”

t

Премиерот Димитар Ковачевски, кој вчера беше дел од централната прослава во Куманово по повод 11 Октомври, во својот говоркажа дека “ние имаме европски поглед, каков што имале и Стив Наумов, Мирче Ацев…”

– Оние кои се заробени во историјата, ја заробуваат и историјата во себе и така таа станува нивна кочница.

Но ние имаме европски поглед и тој е насочен кон иднината, врз база на историјата од којашто учиме и која што ја славиме како што ја славиме и денес тука во Куманово на 11 Октомври.

Така нејзината вредност наместо да заробува-ослободува и води напред. Оваа гледна точка нам нè поставува на вистинската страна и со тоа ни дава за право да веруваме дека ќе успееме во битката на нашето време.

Тоа е погледот напред каков што го имале Мирче Ацев, Стив Наумов, Коста Солев Рацин, Бајрам Шабани, Христијан Тодоровски Карпош, Ибе Паликуќа, Михајло Апостолски и многу други знајни и незнајни борци во НОБ, кои дејствувале по примерот на  Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Никола Карев, Питу Гули и други бројни илинденци, а за чии подвизи пишувале Славко Јаневски, Ацо Шопов, Блаже Конески, се пишува денес и ќе се пишува за навек на македонски јазик.

Почитувани граѓани, почитувани присутни,

На ова свето место, Спомен костурница во Куманово, вечниот дом на околу 300 борци кои своите животи ги положиле во темелите на родната земја, оддаваме искрена почит кон сите борци во антифашистичката  и народноослободителна борба и ја испраќаме пораката дека светиот аманет да се биде На вистинската страна е примен, чуван, реализиран и ќе биде предаден на идните генерации, како отсекогаш, во името на добрата иднина на Република Македонија.

Како што се вели во една мудра порака: Да направиме нешто вредно за читање, или нешто вредно за пишување.

Почитувани граѓани,

Дозволете како роден кумановец да искажам искрени позиции. Чест и гордост ми е што сум Македонец. Чест и гордост ми е што сум роден во Куманово. Најголема, врвна одговорност и обврска ми е што во еден од најтешките периоди ја имам обврската да ја водам државата!

Тогаш, кога е најтешко, кога треба да се покаже храброст, смелост, одважност, чесност и најмногу од се правдина и визија! Како и многу други наши поранешни, сегашни и идни сограѓани!

Денес и утре, во следната блиска иднина, сите наши сограѓани, убеден сум дека ќе покажат и докажат дека ја поддржуваат вистинската страна на обединувањето, на соживотот, на прогресот и на иднината!

Целата наша држава, нашите граѓани никогаш не биле на погрешната, на малата, на ситната, на страната на дневната политика!

Моето, нашето Куманово, нашата држава, секогаш била вистински, искрено, без двоумење, на вистинската страна! Така било, така е, така ќе биде! И знам дека тоа ќе биде одлуката на сите наши граѓани, во сите наши градови и општини!

Сите досегашни, а особено идни одлуки, на нашата држава и на Европската Унија ќе покажат и докажат дека нашиот македонски јазик е признат и потврден, нашиот национален идентитет е признат и прифатен, а нашата држава е рамноправна со сите Европски држави!

Може да има многу скептици, политиканти, калкуланти и слични на нив! Имало такви и во минатото, има сега, ќе има и во иднина!

Но, ве уверувам, тие не се на вистинската страна!

Сите тие се на погрешната страна!

И мое, ваше, наше Куманово, цела држава ќе биде сведок дека многу брзо ќе следат бројни институционални, политички, економски и безбедносни Договори со Европската Унија, како Фронтекс Договорот, кои ги договараме и ќе ги потпишеме на македонски јазик како рамноправен јазик со сите јазици на Европската Унија. Тоа е најдобар начин и јасни факти кои не прават рамноправни граѓани и држави со сограѓаните од Европската Унија! Од самиот почеток на нашите преговори со Европската Унија во едно сме целосно убедени и непоколебливи, исто како нашите предци-дека нашиот вековен македонски историски национален, јазичен и културен идентитет е посебен, обезбеден, зачуван и унапреден! Сега и во иднина!

Е тоа е начин како се брани и развива држава!

Со срце, со памет, со душа, со верба, со знаење!

И во тешко, а денес и во арно, а и утре во најдобро!

Ве повикувам искрено, како и секогаш да веруваме, да имаме верба и да го дадеме нашето најдобро за нас, самите!

Обединети, На вистинската страна да продолжиме напред! Нашите најголеми победи како во минатото, да ги направиме најголеми успеси во сегашноста и иднина.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври-Денот на востанието! Да живеат граѓаните, да живее слободна и независна Македонија!“ – рече Ковачевски.

Ваквиот став на преиерот го коментира Димитар Апасиев кој на Фејсбук напиша:

Му летнало пилето на Таче: “Партизаните се бореле за ЕУ и НАТО”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…