Украинскиот премиер ги повика Украинците да ја намалат потрошувачката на струја за три четвртини
Премиерот на Украина Денис Шмигал повторно ги повика Украинците да ја намалат потрошувачката на електрична енергија во вечерните часови за 25 отсто, со цел да се избегнат прекините на струја и предупреди на можноста од привремени прекини на електричната енергија.
Шмихал во вторникот упати апел до населението колку што повеќе да се намали потрошувачката на струја во вечерните часови.
„Денес уште еднаш сакам да апелирам до сите Украинци со барање да се намали потрошувачката на електрична енергија во вечерните часови… За да избегнеме планирани прекини, мора да постигнеме свесно намалување на потрошувачката на електрична енергија од 17 до 22 часот во Украина како целина за 25 отсто“, рече Шмихал во видео изјава објавена на каналот Телеграм. Тој истакна дека украинскиот енергетски систем функционира нормално, Киев не побарал итна помош од европските соседи. Истовремено, премиерот порача дека населението треба да се подготви за привремени прекини на електричната енергија.
Во Украина во понеделникот и вторникот, руските удари врз инфраструктурата предизвикаа прекини на електричната енергија во различни региони. Руското Министерство за одбрана двата дена известуваше за постигнувањето на целите во примената на масовен удар со високопрецизно оружје врз украинската инфраструктура.
Во понеделникот, рускиот претседател Владимир Путин, на оперативен состанок со членовите на Советот за безбедност, рече дека бил извршен масовен напад со прецизно наведувано оружје врз украинските инфраструктурни објекти. Путин го нарече инцидентот на мостот на Крим како терористички напад чија цел е да се уништи цивилната инфраструктура. Според него, Киев се ставил на исто ниво со најодозните терористички групи и едноставно е невозможно злосторствата на режимот во Киев да се остават без одговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…