Тетово се обединува во поддршката за д-р Бобан Вучевски: Сакаат да го направат жртвено јагне

t

Стотици граѓани од Тетово, но и од Скопје и други градови и места во земјава, на социјалните мрежи се приклучуваат кон поддршката за д-р Бобан Вучевски, кој е меѓу обвинетите за трагичниот пожар во модуларната ковид-болница лани во септември.

Граѓаните истакнуваат дека се работи за доктор со беспрекорна грижа за пациентите, пожртвуван професионалец кој целата пандемија ја помина со болните од ковид, спасувајќи безброј животи. Тетовци обвинуваат дека моќници во судско-политичка спрега се обидуваат да направат „жртвено јагне“ од д-р Вучевски, кој според нив е неосновано и неправедно обвинет.

Страницата на која граѓаните ги искажуваат своите искуства од лекувањето во тетовскиот ковид-центар од страна на д-р Вучевски бележи десетици коментари во кои се искажуваат суперлативи за неговите „натчовечки напори“ во пандемијата.

„Тој д-р Боби го запостави семејството, децата, служејќи му на народот, присутен по 24 часа во болница со безброј визити од глава на глава на пациентите, анализи на крв, сатурации кислороди и не знам што се друго. Одговарајќи на секого на телефон со смиреност и посветеност за и околу лечењето на било кој пациент. Тој беше ангажиран да ние персоналот бидеме безбедни и покриени со материјали, храна и вода од страна на самоволни донатори што ни ја носеа, а се што нему му даваа како благодарност тој го оставаше на маса. На Боби треба да му се даде плакета за пожртвуваност и храброст, а не да се суди за било што“, напиша на Фејсбук Јовица Ефкоски, колега на д-р Вучевски од медицинскиот персонал во Тетово.

За петок во тетовскиот Основен суд е закажано рочиште од судењето за трагедијата во модуларната ковид-болница, која се случи лани на 8 септември, кога загинаа 14 луѓе. Покрај д-р Вучевски, во случајот се обвинети и директорите на Клиничката болница, Флорин Бесими и Артан Етеми.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Во голем дел од тетовско утре ќе…

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…

Тетовските медицински сестри три месеци без плата…

Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…