Партијата на Борисов го кани Зеленски да се обрати на конституирањето на бугарското Собрание

t

Откако стана јасно дека руската амбасадорка Елеонора Митрофанова нема да биде поканета на свеченото отворање на новото 48-мо Народно собрание на Бугарија, ГЕРБ-СДС предложи партиите да го поканат претседателот на Украина, Володимир Зеленски да има видео-обраќање во живо до народните избраници за време на првата седница на парламентот, соопшти прес-центарот на партијата.

ГЕРБ-СДС веќе достави писмо до главниот секретар на Парламентот, Габриела Килфанова, до Секретаријатот на Националното собрание, во кое бара на 14 октомври во 13:00 часот да се свика работна средба меѓу сите пратенички групи на која ќе се разговара за можностите за постигнување договор по предлогот и техничките детали на организацијата.

Интересен е податокот дека во март „Демократска Бугарија“ достави до парламентот предлог за обраќање на претседателот на Украина, но тогашниот предлог не беше одобрен и Зеленски не се обрати во бугарскиот Парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…

Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Бугарија останува со најниски цени во ЕУ

Во услови на загриженост за очекуваниот шпекулативен…

Жељазков: Европскиот совет строго ќе се придржува…

На почетокот на Европскиот совет, имав средба…

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…