Владата ги разреши директорот и членовите на Надзорниот одбор на фабриката “Колска”
Владата на Република Македонија, на денешната, 90-та седница, ги разреши управителот и членовите на Надзорниот одбор на фабриката за шински возила „Велес”, ДООЕЛ – Велес (во јавноста позната под називот Колска).
„На седницата е констатирано дека раководството на фабриката покажало негативни финансиски резултати во работењето и покрај тоа што на овој субјект е доделена финансиска поддршка од страна на Владата“, се вели во владиното соопштение.
Вработените од фабриката „Колска” два дена протестираа, а денеска дојдоа и пред Владата со барање да се одблокира сметката на компанијата поради заостанат долг од околу 650 илјади евра направен за периодот од 2013 до 2017 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…
Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…
Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…
На денешната 82 редовна седница на Владата…
ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…
ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Владата ги обвини родителите на починатите од…
Владата денеска ги обвини родителите од Кочани…