Владата ги разреши директорот и членовите на Надзорниот одбор на фабриката “Колска”

t

Владата на Република Македонија, на денешната, 90-та седница, ги разреши управителот и членовите на Надзорниот одбор на фабриката за шински возила „Велес”, ДООЕЛ – Велес (во јавноста позната под називот Колска).

„На седницата е констатирано дека раководството на фабриката покажало негативни финансиски резултати во работењето и покрај тоа што на овој субјект е доделена финансиска поддршка од страна на Владата“, се вели во владиното соопштение.

Вработените од фабриката „Колска” два дена протестираа, а денеска дојдоа и пред Владата со барање да се одблокира сметката на компанијата поради заостанат долг од околу 650 илјади евра направен за периодот од 2013 до 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата најави можност за докуп на до…

Граѓаните на кои им недостигаат до 24…

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…

Владата излезе со јасен став во врска…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…