Борел: Западот ќе ја уништи руската армија ако употребат нуклеарно оружје
Руски нуклеарен напад врз Украина ќе предизвика „толку моќен одговор“ од Западот што руската армија ќе биде „уништена“, рече Жосеп Борел, шефот за надворешна политика на ЕУ.
Неговите коментари доаѓаат како одговор на сè поборбената реторика на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува „Еуроњуз“.
По потпишувањето на указот за делумна мобилизација за зајакнување на рангот на руската армија на 21 септември, Путин го предупреди НАТО дека неговата земја има на располагање „различни средства за уништување“ за да го брани својот „територијален интегритет“.
Во изјавата за медиумите, Борел директно одговори на заканите на рускиот лидер.
„Постои нуклеарна закана, а Путин вели дека не блефира. Па, тој не може да си дозволи блефирање“, рече Борел за време на настанот на Европската дипломатска академија во Бриж.
„Мора да биде јасно дека луѓето што ја поддржуваат Украина, ЕУ и нивните пријатели како НАТО и САД, не блефираат“ додаде тој.
„И секој нуклеарен напад против Украина ќе создаде одговор – не нуклеарен одговор, туку толку моќен одговор од воената страна – дека руската армија ќе биде уништена, а Путин не треба да блефира“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…